среда, 27 ноември 2024

Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, загинаа најмалку 13 лица (ВИДЕО)

Најмалку 13 лица загинаа во Аргентина откако силно невреме го погоди атлантскиот брег на оваа јужноамериканска земја.

Објавено на

часот

Сподели

Федерико Сусбиелес, градоначалник на Баја Бланка, го потврди бројот на загинатите во објава на социјалната мрежа Х.

Градот се наоѓа во близина на јужниот крај на провинцијата Буенос Аирес, еден од регионите во Аргентина со најголемо производство на жито.

Кабинетот на претседателот Хавиер Мајли во соопштение изрази сочувство до семејствата на жртвите и им препорача на жителите да останат во своите домови до недела наутро, предупредувајќи на разорните налети на ветер кои надминуваат 150 км/ч во областа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ