вторник, 26 ноември 2024

Силно невреме ја зафати Србија

Објавено на

часот

Сподели

Силно невреме пропратено со град со големина на орев ја погоди општината Горњи Милановац. Бурата пристигна и во Обреновац.

Невремето ги зафати селата Коштуниќи, Прањани, Леушиќи и Теоцини, како и општините Уб и Лајковац.

Белград бил зафатен по 14 часот, кога се стемнило среде бел ден.

На снимките на социјалните мрежи се гледа силен град и силни налети на ветер.

Републичкиот хидрометеоролошки завод соопшти дека времето во Србија денеска ќе биде многу нестабилно, со врнежи од дожд, силни грмежи, а понекаде и град, особено во попладневните и вечерните часови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ