четврток, 24 октомври 2024

Силјановска Давкова-Вал: Поддршка за активностите насочени кон зајакнување на соработката и воспоставување мир во регионот на ОБСЕ

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска го прими шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, соопшти нејзиниот кабинет.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата е потврдена важноста на долгорочната соработка со ОБСЕ за поддршка на македонските реформи во различни области предвидени во мандатот на организацијата, при што претседателката Силјановска Давкова изрази поддршка за активностите насочени кон зајакнување на соработката и воспоставување мир во регионот на ОБСЕ.

Претседателката изрази благодарност и за важната улога на ОБСЕ/ОДИХР во процесите поврзани со изборните реформи, особено во напорите за организирање слободни и фер избори, додавајќи вредност на легитимитетот, кредибилитетот и довербата на процесот.

„Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка на ОБСЕ со македонските релевантни институции и со граѓанското општество која е динамична и продуктивна и изразија подготвеност за продолжување на соработката и во понатамошниот период во однос на прашања и предизвици поврзани со напредокот на нашата земја“, се наведува во соопштението од кабинетот на Силјановска Давкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ