Според документите, Суровикин имал личен регистарски број во Вагнер, исто како и најмалку 30 други високи руски воени и разузнавачки службеници.
Вагнер не одговорил на барањето на Си-ен-ен за коментар. Суровикин не е виден во јавноста од минатата сабота, кога објави видео во кое го повикува шефот на Вагнер, Јевгениј Пригожин, да го запре бунтот на приватната воена компанија. Не се знае каде е Суровикин, а некои медиуми објавија дека тој бил уапсен во изминатите неколку дена.
Суровикин е командант на руските воздухопловни сили и заменик-командант на руските трупи во Украина, а го добил прекарот „Генерал Армагедон“ поради неговата безмилосна тактика на бомбардирање градови во Сирија.