петок, 18 октомври 2024

Шведска во понеделник официјално влегува во НАТО

Шведска во понеделник и официјално ќе се придружи на НАТО, со што ќе заврши двегодишниот процес на придружување на таа земја на западниот воен пакт, пренесува Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шведскиот премиер Улф Кристерсон и министерот за надворешни работи Тобијас Блистром ќе отпатуваат во Вашингтон за документацијата за пристапувањето на Шведска официјално да биде депонирана во Стејт департментот, со што формално завршува процесот.

Церемонијата на кревање на знамето е закажана за пладне.

Шведска минатата недела ја надмина последната пречка да стане 32 членка, откако Унгарија како последна држава од членки ја поддржа во парламентот нејзината кандидатура.

Новиот претседател на Унгарија го потпиша документот во вторникот, веднаш по инаугурацијата.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој одржува контакт со рускиот претседател Владимир Путин и покрај притисокот од Западот, повеќе од 600 дена одбиваше да ја одобри кандидатурата на Шведска.

Турција исто така го кочеше процесот на влегување на Шведска со објаснување дека не е доволна остра против курдското малцинство кое живее во таа земја.

Пристапувањето на Шведска е стратегиски удар за Москва, бидејќи Балтичко Море станува „НАТО езеро“, со што на западниот воен пакт му е многу полесно да ги следи руските движења во морето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ