сабота, 19 октомври 2024

Шведска скова план: одбрана 6-0 и агресивно врз Кире

Објавено на

часот

Сподели

Шведска очекува од него да го сопре Лазаров: Магнус Јаренмир

Големата поддршка што ќе ја има Македонија на трибините нема да им пречи, најавуваат „викинзите“, во чии изјави постојано го потенцираат Лазаров и неговите 92 гола на Светското првенство во Хрватска, на кое нашиот ас стана најдобар голгетер и постави рекорд по број на погодоци.

„Најважно е да одиграме одбрана на Лазаров. И тоа да одиграме физички. Тој физички не е многу силен и би сакал игра без контакт. Ние ќе мора да ја најдеме вистинската агресивност. Мора да го истуркаме што подалеку и јас се надевам дека играчите ќе го сфатат тоа“, вели Ола Лингрен, еден од двајцата селектори на тимот.

За голманот Андрес Палицка, кој брани за Кил, Лазаров бил како сите „Југословени“.

„Добар е во добри времиња, но ако имаме добар почеток против него, лесно може да го свиткате“, додава Палицка.

Сепак, крај на маките на Шведска нема пред ова ЕП, откако тимот остана без тројца врвни ракометари. Магнус Јанремир, кого шведските медиуми го посочија како прв дефанзивец против Лазаров, е болен. Швеѓанецот имал треска и вчерашниот ден го прележал во кревет.

„Нема шанса да го пропуштам првиот меч. Дваесет часа минав во кревет. Не сум сто отсто подготвен, но ќе играм, тоа е сигурно“, рече Јанремир.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ