петок, 18 октомври 2024

Шукова ќе бара информации од албанскиот колега за скандалозната градба во заштитениот појас на Охридското Езеро

Објавено на

часот

Сподели

„Ние не се мешаме во работите на Република Албанија, меѓутоа ќе има препорака дека треба да се внимава што се прави, особено на крајбрежниот појас. За секоја една активност која што е во рамките на Охридското Езеро, прво треба да бидеме информирани и второ навистина треба да внимаваме што правиме. И македонската и албанската страна не треба да си дозволиме понатаму  да одиме со нови објекти кои ќе го загрозуваат Охридското Езеро, секако основа за сето тоа треба да биде комуникација”, вели Шукова.

Неофицијално кај селото Тушемиште планирано е да се гради пристаниште и шеталиште на целата крајбрежна зона, а проектот чинел 22 милиони евра. Реакции за овој старт на градежните активности на самото охридско крајбрежје има и од албанските екологисти.

Инаку, Македонија и Албанија имаат заеднички комитет во рамките на УНЕСКО на кој се разгледуваат сите проекти поврзани со Охридското Езеро.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ