петок, 25 октомври 2024

Што пишува во писмото на МВР до МНР: … извршено кривично дело недозволена трговија со наркотици…

Во врска со демантот на МВР за пишувањето на МКД.мк, редакцијата на порталот само ги потсетува одговорните во МВР на нивното писмо од 21 мај испратено до МНР. Писмото е aрхивирано под број 23.25.4.3/2812. Само една недоследност која веднаш паѓа во очи, а тоа е местото на настанот – според писмото на МВР од 21 мај настанот се случил во Охрид, а во демантот на МВР пишува во Кичево. Но, при брзање се прават и грешки. Разбирливо е.

Објавено на

часот

Сподели

Она што МВР го тврди во демантот е дека на „16 април 2024 година од страна на полициски службеници при ОВР Кичево во 22,35 часот во Кичево било сопрено возило сопственост на МНР (марка рено) управувано од лицето Ќ.Б., при што била извршена рутинска контрола во која не биле пронајдени никакви предмети во интерес на службата“.

Датумот и времето на случување се еднакви во двете писма, но не и местото. Во писмото на МВР од 21 мај се вели дека возилото рено било запрено во Охрид. А во демантот се вели дека реното на МНР било запрено во Кичево, истиот ден во исто време.

Еве што друго пишува во писмото на МВР до МНР од 21 мај (останува нејасно и тоа зошто за случај од 16 април, се праќа „барање доставува“ повеќе од еден месец подоцна, 21 мај): „OKП ОНТДО при СВР Охрид располага со оперативни сознанија дека на ден 16.04.2024 година околу 22 часот две непознати лица со возило рено со рег.озн СК 7632 АС кое во системот на МВР евидентира на Министерството за надворешни работи се наоѓале на подрачјето на град Охрид, и со наведеното возило извршиле кривично дело во областа на недозволената трговија со наркотици, односно транспорт на наркотици од Охрид кон Скопје“.

На ова писмо потпишани се речиси сите први луѓе на полицијата во Охрид: началник на ОКП Билјана Неделкоска, началник на СВР Охрид Игор Смилески, дополнителен заменик на началникот на ЦДР Охрид Жарко Лазароски, изготвил виш инспектор Зоран Бошкоски.

По упатената добронамерна забелешка на МВР до „средствата за јавно информирање“ (термин од социјалистичко време, попрецизно е само медиумите) да не се шпекулира и да се прашува „со оглед на целосната транспарентност на министерството“, повторуваме дека прашања беа пратени до МВР и до МНР, но многу брзо стигна демант, а не и одговор на поставените прашања.

Во однос на забелешката да се грижиме и за „кредибилитетот на средствата за јавно инфирмирање“, истото би го апелирале и до државните институции.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ