сабота, 27 јули 2024

Шофер во МНР фатен со дрога, од април случајот се крие

Ќазим Брахими, вработен како шофер во Министерството за надворешни работи, на 16 април од охридската полиција бил фатен со дрога, која се обидувал да ја пренесе во Скопје. Тој бил фатен со уште едно лице, а возилото рено (СК7632АС) e службено возило на МНР, дознава МКД.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Како што дознаваме и второто лице во возилото, Фламур Лога, бил вработен во МНР (во ИТ сектор) и покажал дипломатска патна исправа. Тој на полицајците им рекол дека одат на аеродром.

Случајот го нема во билтенот на МВР.

Очигледно поради сензитивноста на случајот, официјални информации за овој случај досега нема. Нема ни официјални одговори денеска на прашањата што се пратени до МНР. Брахими и натаму работи како шофер во МНР.

Она што е уште поинтересно во целиот случај е што дури на 21 мај охридската полиција испратила официјално писмо до МНР во кое се бара појаснување за тоа дали лицето Ќазим Брахими тој ден (16 април) бил службено ангажиран и дали го управувал возилото со патен налог.

Од тогаш молк на сите страни.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ