сабота, 27 јули 2024

МВР демантира дека шофер на МНР пренесувал дрога

Министерството за внатрешни работи категорично ги демантира информациите објавени на МКД.мк дека возач вработен во Министерството за надворешни работи со службено возило на тоа министерство бил фатен од страна на полициски службеници при што во возилото била откриена дрога.

Објавено на

часот

Сподели

„На 16 април 2024 година од страна на полициски службеници при ОВР Кичево во 22,35 часот во Кичево било сопрено возило сопственост на МНР (марка рено) управувано од лицето Ќ.Б., при што била извршена рутинска контрола во која не биле пронајдени никакви предмети во интерес на службата. По службена должност бил доставен допис до МНР околу проверка на сопственоста на возилото и околу евентуалниот патен налог за управување на возилото кој што возачот не го доставил на полициските службеници.

МВР ги отфрла сите шпекулации околу постоењето на некаков случај, и апелира до средствата за јавно информирање – со оглед на целосната транспарентност на министерството – сите прашања од нивен интерес да ги проверат во соодветните служби на МВР, пред тие да попримат шпекулативен и тенденциозен карактер со кој се нанесува штета и на Министерството, но и на кредибилитет на средствата за јавно информирање“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На социјалните мрежи се јави и Ќазим Брахими, возачот на МНР: „Целосни лаги и шпекулации се пишуваат за мене, се употребува и моја фотографија и тоа: ‘фатен со дрога, која се обидувал да ја пренесе во Скопје со службено возило на МНР.

Ова директно го загрозува мојот углед , ми нанесува штета и за ова веќе се консултирам со правници и адвокати за да поднесам пријава затоа што сум лажно набеден“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ