четврток, 14 ноември 2024

Штетата од поплавите во БиХ проценета на повеќе од 100 милиони евра

Големите поплави кои на 4 октомври погодија делови од централна Босна и Јабланица и Коњиц во Херцеговина освен што предизвикаа смрт на 27 луѓе нанесоа и голема материјална штета проценета на повеќе од 100 милиони евра.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Управата за цивилна заштита на Федерацијата БиХ составила извештај за до сега утврдената штета. Од таа прелиминарна проценка се дознава дека вкупната штета во Херцеговско-неретванската жупанија е поголема од 122 милиони конвертибилни марки, односно околу 62 милиони евра, а во жупанијата Средна Босна околу 55 милиони конвертибилни марки односно 28 милиони евра.

Најголема штета претрпел градот Коњиц каде е тешко оштетена водоводната инфраструктура. Проценката е дека штетата во тој град достигнала 71 милион конвертибилни марки, односно околу 36,4 милиони евра. Најголемиот дел од штетата се однесува на водоводната инфраструктура.

Во подрачјето на Јабланица каде загинаа дури 19 лица материјалната штета е проценета на речиси 50 милиони конвертибилни марки односно околу 26 милиони евра.

Покрај тоа во Херцеговина е предизвикана и значителна материјална штета од околу 13 милиони евра на железничката пруга која води кон пристаништето Плоче, како и на магистралните патишта во тој дел од земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ