петок, 13 декември 2024

Талент на Реал Мадрид се пензионира на 19 години поради повреда

Еден од најталентираните фудбалери во школата на Реал Мадрид, Марк Кукалон ја заврши кариерата на 19 години поради повреда која ја доби на 6. септември 2022 година.

Објавено на

часот

Сподели

На неколку дена пред неговиот 20. роденден тој објави пост со кој му кажа збогум на фудбалот.

За време на натпревар од младинската лига тој скина преден вкрстен лигамент. Го оперираше по што следуваше повеќемесечна пауза, но ситуацијата се влошила кога бактерија му ја нападнала зглобната рскавица и предизвикала инфекција. Докторите се мачеле да му помогнат, но речиси 800 дена подоцна, тој мора да се повлече бидејќи неговото колено не може да го издржи напорот кој го бара професионалниот фудбал.

„Не знаев како да го започнам ова писмо, па ќе започнам со благодарност. Од се срце. За сета поддршка што ми ја дававте цело ова време. Пристигнав во академијата на Реал Мадрид во летото 2016 година како дете со ранец полн со соништа и бев многу, многу среќен. Вистина е дека животот комплетно ми се промени на 6. септември 2022 година кога се повредив на меч од младинската лига. По неколку компликации, повредата ме натера да му кажам збогум на фудбалот, барем на начинот на кој сонував“, напиша Кукалон и додаде:

„Но, не ме сфаќајте погрешно, ова не е тажно збогување“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ