среда, 4 декември 2024

Милевски: Кога играат за Македонија, овие момци се во свој филм

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски вели дека има голема почит кон репрезентативците затоа што забораваат на проблемите кои ги имаат во клубовите и секогаш го даваат максимумот во националниот дрес.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија утре ја пречекува Летонија во рамките на 5. Коло во Лигата на нации, и со победа ќе го потврдиме првото место во нашата група.

„Не очекува сосема поинаков меч од оној во Рига, па мора максимално да влеземе и да ја оправдаме улогата на фаворит“ – рече селекторот Благоја Милевски на денешната средба со новинарите.

„Без разлика на проблемите во клубовите, овие момци секогаш го даваат максимумот за Македонија. Токму затоа го имаат мојот респект. Нивниот карактер е на највисоко ниво, и кога играат за Македонија се во свој филм, забораваат на сè“.

„Секој има свој план, но е фокусот е како ние ќе одиграме. Подготвени сме и сè ќе зависи од нас самите, самите одлучуваме и целта е првото место“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ