петок, 13 декември 2024

Москва: САД купуваат време за Израел за да продолжи истребувањето во Газа

Соединетите Американски Држави „намерно ја измамуваат“ меѓународната заедница, давајќи му на Израел време да ги спроведе своите планови да истреби што повеќе Палестинци во Газа, оцени постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој укажа дека Резолуцијата 2735 се покажала само како средство за купување време за Израел.

Во рамки на состанокот на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Појасот Газа, рускиот претставник изјави дека САД во текот на годината на конфликтот имале многу прилики да помогнат да се прекине крвопролевањето, но дека само ги блокирале сите резолуции.

„Вашингтон, заедно со западен Ерусалим, е виновен за смртта на повеќе од 43.000 Палестинци убиени од почетокот на ескалацијата на израелско-палестинскиот конфликт“, кажа Небензја, истакнувајќи дека, ако Тел Авив е спремен за договор, тој тоа одамна би го направил „наместо да наметнува нови услови“.

Небензја истакна дека сето тоа што е случува во Газа е дел од напорите на израелските власти да создадат „зона на детант“, во која цивилното население е лишено од средства за живот.

„Сега сме сведоци на слични израелски акции во јужен Либан, како резултат на тактиката на „изгорена земја““, додаде рускиот дипломат.

Тој истакна дека „дојде време да се дејствува“, истакнувајќи дека Русија го поддржува нацртот на резолуцијата за Појасот Газа, подготвен од 10 непостојани членки на СБ на ОН, во која се бара прекин на огнот и повикува да се стави на гласање.

„Советот за безбедност е должен што побрзо да излезе од состојбата на парализа во која, поради Соединетите Држави, се наоѓа во последните месеци со неуморната мантра за скоро склучување договор меѓу Израел и Хамас. Време е за акција. Затоа Русија изразува целосна поддршка на нацртот на резолуцијата за Газа подготвена од непостојаните членки на Советот за безбедност и со директно барање за итен, безусловен и траен прекин на огнот“, истакна Небензја.

Истакна и дека Русија воедно повикува на ослободување на сите заложници.

„Нашите американски колеги сите нас намерно нè влечеа за нос, купувајќи му време на Израел да ги спроведе своите планови да истреби што повеќе Палестинци во Газа и да ја претвори територијата во целосно ненаселива зона“, укажа рускиот претставник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ