среда, 4 декември 2024

Мисајловски: Членството на Македонија во НАТО ја позиционира земјата во силна алијанса

Членството на Македонија во НАТО има значителни придобивки, не само за безбедноста на Македонија, туку и за економскиот развој, изјави за поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“, министерот за одбрана и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Круцијално е што добива Македонија со членството во НАТО, а тоа се пред се колективна безбедност. НАТО е најголемиот политички воен сојуз, и се подразбира дека прво и основно е стабилноста на сите граѓани, кажа Мисајловски.

Објавено на

часот

Сподели

Мисајловски истакна дека нашата земја е во добра позиција, затоа што одлучува рамо до рамо со големите светски сили. Членството на Македонија во НАТО, ја позиционира земјата во силна и сигурна алијанса, што и овозможува да донесува одлуки заедно со најголемите светски сили.

„Што се случува околу нас, поготово во Украина, блискиот исток, нови жаришта, постојано се наоружуваат земјите, но ние сме во системот каде што заеднички седиме на маса со најсилните држави во светот. Една од придобивките е тоа што можеме постојано да имаме контакт со тие луѓе, да бидеме пријатели, да разменуваме искуство, но исто така е многу важно со обврските што сме во НАТО, да одвојуваме над 2% од буџетот и да се модернизираме“, рече Мисајловски.

Тој говореше за тековната модернизација на армијата, и насоките во кои се движи оваа модернизација.

„Секоја земја си има одреден степен на модернизација, насочување, што се нивни способност и цели, и во моментот сме насочени кон лесната пешадиска баталјонска група, каде што се вложува за модернизација“, посочи Мисајловски

Мисајловски потенцираше дека членството во НАТО може да влијае и позитивно на нашата економија и го спомена НАТО пазарот и што тоа може да значи за нас. Со зголемената безбедност, се отвораат и нови можности за инвестиции во Македонија, а компаниите имаат пристап до НАТО пазарот, рече Мисајловски.

„Она што го добиваме од НАТО, а не се политичките моменти, она што е колективно е безбедност, а влијае и врз економијата. Многу компании може да учествуваат и на НАТО пазарот со отворање нов спектар на можности. Од друга страна со самото тоа што сме членка во НАТО зголемување на безбедноста се отвора и ново поле во економијата, односно многу компании сакаат да инвестираат и поради таа причина што е многу добро за нашата економија. Придобивките се огромни, поготово во момент каде што има многу жаришта околу нас, и многу е важно да ги следиме сите оние трендови на модернизација и на други земји, како и ние да се модернизираме и да гледаме да се подобруваме, и да обезбедуваме средства за човечки ресурси“, потенцираше Мисајловски.

Тој додаде дека Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обезбедува во континуитет 2% од буџетот, со што ќе овозможи бројни проекти за модернизација и подобрување на инфраструктурата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ