понеделник, 25 ноември 2024

Шолц: Целта на нашата помош не е промена на режимот во Русија

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето дали се надева дека бунтот ќе стави крај на владеењето на Путин, тој рече дека тоа нема да има смисла бидејќи не е јасно дали тоа кое што ќе дојде по него ќе биде подобро. „Трупите на Вагнер се воена единица која дејствува многу агресивно низ целиот свет, и многу конкретно во војната на Русија против Украина“, рече тој.

Германскиот канцелар, сепак, истакна дека верува оти неуспешниот бунт го ослабнал Путин. „Верувам дека е ослабен бидејќи тоа покажува дека автократските структури на моќ имаат пукнатини во нив и дека тој не е толку цврсто на седлото како што тврди секогаш“, заклучи тој за германската телевизија АРД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ