среда, 4 декември 2024

Премногу совпаѓања и чудни обвинителски одлуки во случајот со сопругот на претседателката на Судскиот совет Дамева

Апелацискиот суд Скопје денеска повторно ќе расправа за случајот со „Скопски пазар“, во кој како оштетен се јавува Младен Дамев, сопругот на Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет. Досега, вообичаено апелациските судови ги враќаа предметите на првостепено решавање. Одлуката повторно да расправаат за овој случај доаѓа откако Дамева го посети Апелацискиот суд со препорака да не се враќаат предметите на првостепено одлучување, туку апелацискиоте судии да решаваат.

Објавено на

часот

Сподели

До тука нема ништо спорно. Легитимна е препораката на Дамева за решавање на предметите на второстепено ниво. Но, временското совпаѓање на оваа посета на Дамева, пред одлучување на Апелацискиот суд за предметот во кој е замешан нејзиниот сопруг, од познавачите на состојбите во македонското правосудство беше протолкувано како отворен притисок. Оваа препорака Дамева ја даде во септември пред колегиумот на Апелацискиот суд-Скопје, чии членови, според нивните толкувања, веднаш ја препознаа вистинската намера.

Се работи за случајот со продажбата на акциите на „Скопски пазар“ на неколку компании и блокирани пари од околу 700 илјади евра за кои се чека судска разврска. Тужителот, компанијата „Современ дом“, како еден од новите сопственици на „Скопски пазар“, смета дека Управниот и Надзорниот одбор на СП влијаеле, во една фаза од продавањето на акциите, на Собранието на акционери да донесе одлука за купување на сопствените акции на слободниот пазар. Во име на новите сопственици, управител на „Скопски пазар“ е Младен Дамев. Овој судски случај уште од самиот почеток беше пропратен со интересни одлуки за унапредувања на судии кои пресудувале за случајот  и судии кои се сега членови на Советот на Апелацискиот суд.

Од Судскиот совет за МКД.мк велат дека нема ништо спорно во посетата на Дамева и на заменик претседателот Ханиф Зенедели на судовите.

„Во наредниот период ќе ги посетат сите судови во државата и ќе разговараат со претседателите на судовите и непосредно со судиите, со цел да ги слушнат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат. Воедно, ќе ги сослушаат предлозите од секој еден судија, кои се во насока на надминување на состојбата во судството, која е алармантна во смисла на недостаток на судии, судски службеници, како и недостаток на финасиски средства за нормално функционирање на судовите, а кои се ноторни проблеми со кои судството се соочува долги години наназад. Посетите на овој начин овозможуваат директна комуникација помеѓу Судскиот совет и судиите, како еден нов начин на нивна меѓусебна продлабочена соработка. Во таа насока, Судскиот совет како  надлежен орган за следење на состојбите во судството, непосредно ќе се запознае со предизвиците со кои секојдневно се соочуваат судиите во судниците, што е особено важно за унапредување на самостојноста и независноста на судската власт“, се вели во одговорот на Судскиот совет на прашањето на МКД.мк за посетата од 23 септември.

Сепак, токму за овој случај многу совпаѓања во овој период оставаат отворени многу прашања и ги подгреваат сомневањата.

За овој случај деновиве пишуваше и порталот Експрес.мк. Обвинител од скопското Вишо јавно обвинителство во рок од 24 часа два пати менувал диспозитив за настани стари 18 години кои според сите расположиви наоди воопшто не се кривично дело, а дури и да биле досега се застарени во секој поглед. Вишиот обвинител Јован Цветановски на 17 октомври годинава испратил допис до Кривичниот совет при Апелациониот суд во Скопје за кривичниот предмет со ознака КЖ 597/24. Во него по цели 18 години од кога наводно е сторен криминал обвинителот Цветановски менува диспозитив на обвинение. Официјално вишиот обвинител во дописот пишува дека промената на диспозитивот се врши за поголема економичност на постапката. Тој во дописот индиректно признава дека обвинението што го турка нема правна основа затоа што веќе не постои еден и тоа главниот дел од членот од Кривичниот законик врз основа на кој се води предмет за настани од пред 18 години.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ