недела, 27 октомври 2024

Шолц: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО од Русија

Неодамнешниот потег на НАТО да го зајакне источното крило е насочен кон одвраќање на Русија, кажа денес германскиот канцелар Олаф Шолц.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека со тоа на Москва ѝ се дава до знаење дека западниот воен пакт ќе биде спремен да се бори, ако е неопходно, пренесува Ројтерс.

Зборувајќи на Источногерманскиот економски форум, Шолц кажа дека Германија одиграла клучна одлука во присуството на НАТО на границата со Русија на Балтикот.

„Заканата од Русија ќе продолжи, а ние и нашите сојузници решивме минатата година да распоредиме дополнителни единици во балтичките држави и таму трајно да поставиме цела бригада. Со ова ѝ покажуваме на Русија дека сме спремни да го браниме секој квадратен метар на територијата на земјите од НАТО од евентуален напад“, порача Шолц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ