„Соочени со растечкиот недостиг на муниција за артилериските системи од западен тип во вооружените сили на Украина, Вашингтон изврши воено злосторство со вклучувањето на касетна муниција забранета со меѓународната конвенција во пакетот помош“, изјави Шојгу на состанокот на началниците на руските воени сили во Москва.
Тој рече дека вкупниот износ на помош што НАТО, ЕУ и нивните сојузници ја испратиле на Украина надминал 160 милијарди долари.
„Подготвеноста на Западот да инвестира значителен дел од расположливите ресурси во Украина со цел да ја сврти ситуацијата на бојното поле во своја полза, создава сериозни ризици за натамошна ескалација на конфликтот“, предупреди Шојгу, пренесува Ројтерс.
Шојгу, исто така, рече дека приемот на Финска и Шведска во НАТО е „дестабилизирачки фактор“ бидејќи на територијата на Финска најверојатно ќе бидат распоредени дополнителни воени контингенти и ударно оружје на НАТО, што може да погоди критично важни објекти во северозападна Русија.
„Овие закани за воената безбедност на Русија бараат навремен и адекватен одговор… Групите на вооружените сили на Руската Федерација на западните граници на земјата ќе бидат зајакнати“, најави Шојгу.