сабота, 26 октомври 2024

Шестмина повредени во сообраќајка во Струмица

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово во 3:40 часот на булеварот Маршал Тито во Струмица, соопштија од СВР Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата учествувале три автомобили со струмички регистарски таблички, ауди управувано од К.Р. од Струмица, опел астра управувано од К.Ш. од село Гечерлија, струмичко и бмв управувано од А.С. од село Ангелци, струмичко.

Како што се наведува во соопштението, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.С., сопатник во патничкото возило ауди, а со телесни повреди се здобиле возачите на патничките возила ауди и опел астра, како и М.Ш и А.Д., сопатници од патничкото возило опел астра и В.М.Ѓ., сопатник од патничкото возило ауди.

Повредите биле констатирани од лекар во Медицинскиot центар Струмица, а увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ