петок, 18 октомври 2024

Шешељ однесен во болница

Објавено на

часот

Сподели

Војислав Шешељ, лидерот на српската Радикална партија, е пренесен во болницата на Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија во Хаг, вели извештајот на Српската радикална партија, кој се повикува на претставници на Трибуналот.
„Хашкиот трибунал извести дека состојбата на Шешељ е стабилна, што беше потврдено  од неговиот доктор“, се вели во известувањето. Познато е дека Шешељ бил пренесен во болница во петокот вечерта. Во извештајот не пишува ништо за причините за неговата здравствена состојба.
Лидерите на српската Радикална партија тврдат дека неговите здравствени проблеми се резултат на „систематските и секојдневни прекршувања на неговите права од страна на Трибуналот“.
„Очигледно е дека Трибуналот нема друга стратегија за излез од моменталната ситуација, во која обвинителите не успеаја да докажат ниту едно од обвинувањата против Војислав Шешељ“, вели известувањето. „Токму затоа одговорните во Трибуналот се спремни да направат сѐ за да не му дозволат да се одбрани во процесот, вклучувајќи и директна закана за неговиот живот“.
Шешељ е рекордер според должината на притворот во Трибуналот. Тој се наоѓа таму веќе девет години – од февруари 2003, кога доброволно им се предаде на меѓународните судски органи. Тој е и рекордер на Трибуналот како притворен обвинет што чека пресуда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ