петок, 18 октомври 2024

Шерифовски поразен со ипон на Олимписките игри

И третиот македонски Олимпиец брзо го заврши настапот во Париз, македонскиот џудист, Еди Шерифовски загуби од Бразилецот, Гиљерме Шимид во категоријата до 81 килограм.

Објавено на

часот

Сподели

Шерифовски добро ја почна борбата, беше активен, но не успеа да направи изненадување против далеку подобро рангираниот џудист од Бразил кој е и панамерикански шампион.

Македонскиот џудист мечот го загуби со ипон во текот на третата минута од мечот.

Шерифовски е трет македонски Олимпиец кој го заврши настапот во Париз, претходно учествуваа стрелачката Мојсовска и пливачот Ѓуретановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ