петок, 18 октомври 2024

Шербеџија ги брани Џоли и нејзиниот филм

Објавено на

часот

Сподели

 

„Таа сигурно ќе сака да дојде и ми го вети тоа. Кога пред премиерата во Њујорк имавме интервјуа, јас пред телевизиските камери ѝ испратив една порака од Србија. Ѝ реков, знаеш, Анџелина, имам јас таму еден ресторан Савиќ во Земун, го држи мојот земјак Миќо, каде што јас секогаш одам на лички компири и баса, и таму една фина, убава, млада, згодна келнерка ми рече ‘Раде, кажете ѝ на Анџелина да дојде кај нас и кажете ѝ дека ние, Србите, ја сакаме, и покрај тоа што таа не нè сака.’ И кога ѝ го кажав тоа, Анџелина веднаш скокна и рече ‘Тоа не е вистина, тоа не е вистина, јас немам ништо против Србите, јас ги сакам, но тоа е приказната што ја напишав и за која слушнав’… Хахаха… Беше златна“, вели Шербеџија за Б92.

[pullquote align=”right”] Кога беше премиерата во Лос Анџелес, меѓу многуте честитања, додека одев кон шанкот по моето виски еден човек ми рече: „Ооо, Вие сте фантастичен, апсолутно фантастичен, вашата глума е сјајна!“ И јас го препознав Весли Кларк и му реков: „Благодарам, генерале, но се плашам дека не можам да го кажам истото за Вас и за Вашата улога во мојата земја.“ Тој сакаше да разговара со мене, да ми објасни, јас се разбира не сакав. И тоа е една од работите што јас не можам да ги трпам и да разговарам со такви луѓе за кои мислам дека се виновни не само за недолжните луѓе што загинаа во нивната интервенција тука, или за затруените реки, туку се виновни и за четирите години безумна војна на нашите простори.[/pullquote]Шербеџија вели дека е мошне задоволен од тоа како филмот поминал во Америка. „Кога Анџелина ми го испрати сценариото, јас веднаш реков дека нема да играм зашто од принцип не играм во воени филмови, поради лошите сценарија… Таа ме замоли да го прочитам сценариото и кога го прочитав, страшно ми се допадна приказната. Зашто ја има допрено длабочината на некоја грчка трагедија, што инаку е мошне тешко да се постигне во денешен филм. Тоа беше единствената причина поради која прифатив да играм во филмот.“

Шербеџија спремно ги очекува разните интерпретации поради неговиот ангажман во филмот, кој веќе е оцрнет во Србија, но и во Босна.

„Сум играл многу различни улоги во својата кариера, и партизани и усташи и четници и никој не ми замеруваше за тоа. Но јас знам што ја вознемирува јавноста, а особено српската – тоа што Србите пак се лошите момци!!! Но филмот не е за тоа, туку е приказна за еден логор што го држат Србите, во кој се затворени муслиманки, а такви имаше и на другата страна, но во овој филм приказната е таа. И кога ќе го погледнете филмот, се гледа дека во него нема некакви инсинуации, лоши потези или такви видови пропаганда.“

„Јас играм еден од командантите на српската војска во Босна и ние него го гледаме во сцени во кои неговите војници убиваат заробеници откако тој им дава наредба да ги стрелаат. И тоа се случувало во војната и на едната и на другата и на третата страна. Меѓутоа, има една сцена со таа девојка, муслиманка, кога тој ѝ објаснува како го загубил семејството – четири мали браќа, една мала сестра и мајка, муслиманите ги заклале и го убиле целото село. И тој, командантот, ја носи таа траума целиот живот. И тогаш се гледа таа комплексна слика на човек што не убива со радост и страст, туку со некоја античка нужност, со некоја одмазда и ужас. Со самото тоа таа драма станува комплексна.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ