понеделник, 28 октомври 2024

Шефот НАТО: Севернокорејските војници стигнаа во Курск, тоа е значителна ескалација

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте потврди денес дека севернокорејски воени сили се испратени во Русија и дека е распоредени во регионот Курск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Продлабочувањето на воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја е закана по индо-пацифичката и евроатлантската безбедност“, кажа Руте.

Украинските сили упаднаа во рускиот регион Курск во август и останаа таму, но во последно време руските сили ја ослободуваат територијата и ја опколуваат украинската војска.

Руте оцени дека севернокорејското воено присуство претставува „значителна ескалација“ со вклучувањето на Пјонгјанг во „руската нелегална војна“ во Украина, кршење на резолуциите на Советот за безбедност и „опасно ширење“ на војната.

Тој смета дека распоредувањето на севернокорејските сили е знак на „сè поголем очај“ на рускиот претседател Владимир Путин. „Повеќе од 600.000 руски војници се убиени или ранети во војната на Путин и тој не е во состојба да го одржи својот напад на Украина без странска поддршка“, кажа шефот на западниот воен пакт.

Кремљ ги отфрли извештаите за распоредување на севернокорејски војници како „лажни вести“. Претставникот на Пјонгјанг во Обединетите нации ги нарече извештаите „неосновани гласини“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ