петок, 18 октомври 2024

Шефот на украинската дипломатија: Пред војната мислевме дека НАТО е голема сила. Војната ги симна маските

Објавено на

часот

Сподели

„НАТО како сојуз, како институција, е целосно на страна и не прави буквално ништо. Жал ми е што тоа морам да го кажам“, кажа Кулеба на Светскиот економски форум во Давос.

На почетокот на војната во Украина се сметаше дека НАТО е голема сила и дека ЕУ е способна да изрази само различни нивоа на загриженост, кажа Кулеба, и додаде: „Но, војната е секогаш тест кој ги симнува маските“.

Тој го пофали Брисел за „револуционерните одлуки кои ни тие самите не очекувале дека ќе се донесат“. Истакна и дека некои членки на НАТО ѝ помагаат на Украина.

Го отфрли тврдењето на Москва дека е спремна да обезбеди хуманитарен коридор за бродовите кои превезуваат храна од Украина во замена за укинување на дел од санкциите. „Не можете да најдете подобар пример на уцена во меѓународните односи. Ако некој верува во ова, мислам дека постои проблем со таа личност и не би требало да губиме премногу време обидувајќи се да сфатиме зошто така мисли“, кажа Кулеба.

Претходно, Кулеба кажа дека на Украина ѝ се потребни повеќецевни ракетни системи што побрзо бидејќи ситуацијата во Донбас е „исклучително лоша“.

Тој кажа дека во Давос се сретнал со десетина лидери на земји кои имаат такви системи. „Одговорот кој го добивам е „Дали Американците веќе ви дадоа?“ Токму тоа е товарот кој мора да го поднесе лидерот. Сите гледаат во вас. Вашингтон мора да го одржи ветувањето и што побрзо да ни испрати повеќецевни ракетни системи. Другите ќе го следат тој пример“, кажа Кулеба.

„Ако не добиеме ракетни системи што е можно побрзо, ситуацијата во Донбас ќе стане уште полоша од сега“, додаде.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ