Најмалку 22 лица загинаа, а многумина се ранети во воздушен напад на суданската армија во западен Омдурман, соопшти во саботата државното Министерство за здравство во Картум, додека војната меѓу воените фракции во земјата влезе во 12-тата недела.
Генералниот секретар е згрозен од информациите за насилство и жртви во суданскиот регион Дарфур, се вели во изјавата објавена од Фархан Хак, неговиот заменик-портпарол.
„Исто така е загрижен поради информациите за нови борби во областите Северен Кордофан, Јужен Кордофан и Синиот Нил. Хуманитарните и човековите права се грубо прекршени на опасен и вознемирувачки начин“, рече тој.
Гутереш го повтори својот повик до суданските вооружени сили и ривалските сили да престанат со борбите и да се посветат на траен прекин на непријателствата.