сабота, 26 октомври 2024

Шефот на израелската дипломатија: ОН е антиизраелска организација

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац денес ги опиша Обединетите нации како „антиизраелска организација“, по посетата на граничниот премин Рафа меѓу Египет и Појасот Газа на генералниот секретар Антонио Гутереш кој повика на „моментален хуманитарен прекин на огнот“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Под негово лидерство, ОН станаа антисемитска и антиизраелска организација која негува и поттикнува тероризам“, порача Кац на социјалната мрежа Икс.

„Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денес дојде на египетската страна на преминот Рафа и го обвини Израел за хуманитарната ситуација во Газа, а на никој начин не ги осуди терористите на Хамас кои ја ограбуваат хуманитарната помош“, оцени Кац.

Ова е најновата епизода во постојаните тензии меѓу Израел и ОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ