сабота, 26 октомври 2024

Шефот на австриската дипломатија: Австрија нема да влезе во НАТО

Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг ја отфрли денес можноста за влегување на Австрија во НАТО, порачувајќи дека официјална Виена „во никој случај нема желба да пристапи“ во западниот воен пакт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека е сосема погрешно да се глуми дека постои само НАТО, а дека сите други се илузионисти и не ја гледаат реалноста“, кажа Шаленберг за австрискиот јавен сервис ОРФ.

Тој наведе дека Австрија е воено неутрална, но истакна и дека секогаш имала свој став.

Коментирајќи ја дебатата за испраќање воени трупи во Украина, која ја отвори францускиот претседател Емануел Макрон, Шаленберг кажа дека таа е „излишна и непотребна“.

„Нема да дозволиме да бидеме вовлечени во тоа. Ова не е конфликт меѓу НАТО и Русија“, порача австрискиот министер.

Зборувајќи за војната во Газа и сè погласните критики на сметка на Израел, Шаленберг порача дека „Израел има право на самоодбрана“.

„Тоа, нормално, не е бланко чек. Црвената линија е меѓународното право“, истакна шефот на австриската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ