сабота, 26 октомври 2024

Шефот на воениот комитет на НАТО: Спремни сме за конфликт со Русија

Шефот на воениот комитет на НАТО адмиралот Роб Бауер кажа дека Северноатлантската алијанса е спремна за можен конфликт со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Дали сме спремни? Одговорот е да! Нашата главна задача е да бидеме спремни“, кажа Бауер во интервју за изданието на украинското министерство за одбрана Армијаинформ, и додаде дека ако конфликтот се случи веднаш, ќе се борат со она што го имаат.

Бауер истакна дека трупи на НАТО не се присутни во Украина, ниту пак западниот воен пакт планира да ги испрати таму.

„Но ако некоја земја одлучи таму да испрати свои трупи, тоа нема да има врска со остатокот од Алијансата. Се обврзавме дека ќе си помагаме едни на други ако некоја членка се најде во тешка ситуација. Значи, државите од НАТО ќе се консултираат пред донесување таква одлука“, кажа тој.

Покрај тоа повтори дека еден од условите за членство на Украина во НАТО е немање воени операции на нејзина територија.

Бауер претходно, на Киевскиот безбедносен форум, кажа дека западниот воен пакт инсистира на продолжување на мобилизацијата во Украина, и покрај тешкотиите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ