Вардар не успеа и оваа година да го разочара Пелистер во Битола, Македонија оваа сезона ќе добие нов шампион. Вардарци може да жалат за мечот со Алкалоид каде го имаа главниот кикс оваа сезона.
Денешниот меч во преполната сала „Боро Чурлевски“ беше неизвесен во голем дел, но Пелистер постојано имаше водство, а Вардар се враќаше.
Сепак финишот од мечот му припадна на Пелистер кој направи солидна предност и на крајот ја одржа за победа од 26-23.
Костески постигна шест голови колку што имаше и Хосни, петпати погоди Хенеберг, четирипати Суси. За Вардар Талески беше најефикасен со шест голови, Георгиевски и Манасков постигнаа по пет.