сабота, 26 октомври 2024

Севиља му нуди висока плата на Димитриевски

Македонскиот голман, Столе Димитриевски влезе во последните месеци од договорот со Рајо Ваљекано и веќе слободно може да преговара со други екипи.

Објавено на

часот

Сподели

Најзаинтересирана за него е Севиља, а медиумите од Шпанија пренесуваат дека тие му нудат договор со годишна плата од два милиони евра.

Тоа е многу поголема сума од сегашниот договор на Димитриевски со Рајо според кој заработува 800.000 евра по сезона.

Димитриевски неодамна изјави дека се чувствува одлично во Рајо Ваљекано, но понудата на Севиља е повеќе од примамлива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ