вторник, 26 ноември 2024

Северот на Европа го зафати невреме, властите предупредуваат на обилни врнежи

Објавено на

часот

Сподели

Властите ги повикаа луѓето да работат од дома доколку е можно, а норвешката Дирекција за водни ресурси предупреди на екстремно обилни врнежи на југот на земјата и дека „треба да се избегнува непотребното користење на сообраќајот“, пренесува АП.

„Ова е многу сериозна ситуација која може да доведе до големи последици. Ќе има големи поплави, штети од ерозија и штети од поплави на објекти и инфраструктурата“, беше објавено на веб-страницата на Дирекцијата.

Во Финска владата го повика населението да не излегува на море. Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт издаде црвен метео аларм за централните делови на земјата, со предупредување за „многу големи количества на дожд што може да предизвика екстремно високи протоци во потоци и ровови на повеќе места“.

Поплавите и свлечиштата затворија десетици патишта во јужниот дел на Норвешка и Шведска, а најмалку 119 лица се евакуирани во Норвешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ