недела, 27 октомври 2024

Сестрата на Ким Џонг Ун, Северна Кореја нема интерес да се сретне со Јапонија

Северна Кореја денеска соопшти дека нема интерес за самит со Јапонија и дека ќе отфрли какви било разговори, објави државниот медиум КЦНА, потенцијално влошувајќи ги и онака непријателските односи меѓу двете земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ким Јо Јонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, рече дека јапонските власти контактирале со нив и побарале средба без предуслови, што таа го поздравува доколку Јапонија е подготвена да „направи нов почеток“ без „опседнување со минатото“.

Билатералните односи се затегнати поради спорови, вклучително и прашањето за јапонските државјани киднапирани од севернокорејските власти во раните 2000-ти и јапонската окупација на Корејскиот полуостров од 1910 до 1945 година и употребата на принудна работа и сексуално ропство.

„Јапонија нема храброст да ја промени историјата, да промовира мир и стабилност во регионот и да го направи првиот чекор кон нови односи“, се додава во соопштението, пренесе Ројтерс.

„Тоа го покажува ставот на Јапонија да се држи до прашања кои никогаш не можат да се решат и нема што да се решат“, рече Ким во изјавата пренесена од КЦНА, откако Јапонија ги покрена прашањата за киднапираните јапонски граѓани и нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг.

Ким во понеделникот рече дека јапонскиот премиер Фумио Кишида неодамна изразил желба да се сретне со севернокорејскиот лидер, при што таа рече дека двете земји можат да тргнат кон нова иднина, доколку Јапонија се одлучи за патот на меѓусебно почитување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ