недела, 20 октомври 2024

Семејството на убиецот од белградското училиште: Неми сме од неизлечива болка и тага

Објавено на

часот

Сподели

„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која неми од неизлечива болка и тага секојдневно плачеме за секое невино настрадано дете и за Драган кој со толку љубов ги чуваше децата.

Длабоко и најискрено жалиме и упатуваме сочувство на секое семејство за нивната загуба, а која е и наша загуба. Вечно во тага“, соопшти семејството, а пренесуваат српските медиуми.

13-годишниот Коста К. на 3 мај во училиштето во белградската населба Врачар со огнено оружје уби осум ученици и чуварот на училиштето. Шест лица беа ранети. Момчето пукало од пиштолот на својот татко, а потоа се јавило во полиција и раскажало што направило.

Момчето во моментов е сместено во Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади. Поради тоа што во моментот немало наполнети 14 години, момчето не е кривично одговорно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ