петок, 18 октомври 2024

Семејствата на загинатите во модуларната болница велат дека правдата ќе ја бараат до крај

Објавено на

часот

Сподели

Од обвинителството велат дека ќе ја почекаат пресудата во писмена форма, а потоа, откако ќе се проучи нејзината содржина, дополнително ќе одлучуваат дали ќе поднесат жалба или не.

Двајцата поранешни директори на болницата во Тетово добија условни затворски казни од по 18 месеци, осомничениот доктор е ослободен од вина, а клиничката болница Тетово ќе треба да плати еден милион денари отштета.

Граѓаните го поздравија ослободувањето на доктор Вучевски, но со условните затворски казни се чини дека никој не е задоволен. Од политичката партија Алтернатива прашаа „дали ќе ја имавме истата казна ако директорот на болницата не бил брат на министерот Фатмир Бесими, додека министерот за здравство Фатмир Меџити не одговори дали со оваа одлука е задоволена правдата за 14 луѓе кои живи изгореа во болницата.

 За ВМРО-ДПМНЕ пак ваквата пресуда е доказ дека судството е политизирано.

Со пресудата на Основниот сду во Тетово директорите Флорин Бесими и Артан Етеми добија условна казна затвор од 18 месеци, што значи дека остануваат на слобода, а во затвор ќе завршат само доколку во наредните три години го повторат делото.

На 8 септемрви 2021 година во пожар во модуларната болница во Тетово изгореа 14 лица, а уште 10 беа повредени. Обвинителството отвори истрага за овој случај, помагаа и експерти од Германија, а досега е утврдено дека пожарот настанал како резултат на краток спој на продолжен кабел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ