недела, 27 октомври 2024
Полициски билтен

Семејно насилство, нападнати полицајци, повредени пешаци, дел од полицискиот билтен викендов

Семејно насилство, нападнати полицајци, повредени пешаци, се само дел од најкарактеристичните пријави што биле заведени во полицискиот билтен изминатото деноноќие. 

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во гостиварско село, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.С., затоа што попладнето во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. А пријава за семејно насилство примиле и полициските службеници од ОВР Кавадарци кои го лишиле од слобода Ј.С., затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 57-годишна сопруга. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полицијата синоќа имала полни раце работа и во угостителските објекти при што во три случаи биле и физички нападнати.

Првиот случај бил во раните утрински часови пред угостителски објект во скопски Аеродром. Полицијата го привела Б.Т., од Скопје, затоа го нарушил јавниот ред и мир, со агресивно однесување кон присутните и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. 

Вотриот случај е забележан во Македонски Брод каде 30 минути по полноќ бил уапсен Б.Г. затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, ќе му биде поднесена соодветна пријава.

Нешто порано вечерта во МВР било пријавено дека пред управните служби во МТВ едно лице агресивно се однесувало и упатило закани кон полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Освен полицјци, викендов се пријавени и два случаи на повредени пешаци.

Вчера во СВР Струмица било пријавено дека на булевар Маршал Тито во Струмица, патничко возило шевролет спарк, сопственост на МВР, удрило во пешакот М.В. од Струмица кој се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Рано изутрина околу два часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица Живко Брајковски во Гостивар, патничко моторно возило удрило во 19-годишната гостиварка К.С. и го напуштило местото, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, К.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница Ферид Мурад.

На местото на несреќата, во координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Меѓу другите пријави на МВР, полицијата во изминатото деноноќие во билтенот завела и две пријави од граѓани кои биле каснати од кучиња скитници. Првата пријава е во Велес кога според нападнатиот, вчера околу 15часот билкаснат од куче скитник на улица Благој Ѓорев во Велес. Во приближно исто време во Полициската станица Кичево, К.П. пријавил дека на улица Гоце Делчев бил каснат од куче скитник. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ