понеделник, 21 октомври 2024
ОЈО Велес поднесе кривична пријава против три лица

Седумнаесетгодишна девојка силувана од едно лице, а тепана од двајца други

СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес денеска поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела грабнување, казниво по член 141 од Кривичниот законик и полов напад и силување на малолетничка  казниво по член 186 од Кривичниот законик и против К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело  телесна повреда, казниво по член 130 ст.2 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на месец мај годинава, малолетникот против нејзината волја однел во својот дом во Велес 17-годишна малолетничка од Скопје, каде во текот на два месеци во неколку наврати имал сексуален однос со неа, а К.Е. и А.Е. во неколку наврати физички ја нападнале“, информира попладнево портпаролот Билјана Ѓаковска.

Тие се лишени од слобода и по документирање на случајот, поднесена е кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ