вторник, 22 октомври 2024

Седми ден од штрајкот на вработените на Еуроникел, од понеделник најавуваат протест во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Седми ден откако стоиме надвор на патот и бараме да ги исполните вашите законски обврски, да го вратите ДДВ-то за месец август чие плаќање го доцните повеќе од месец дена, а сега веќе и септемвриското ДДВ стигна за враќање. Ние веќе немаме здравствено осигурување. Наши колеги не можат да си препишат редовна терапија, операции на наши деца не можат да се извршат заради немање здравствено осигурување, наши колешки не можат да го остварат правото на породилно отсуство“, се вели во писмото испратено и до медиумите.

Работниците на Еуроникел индустри и денеска се на блокада на патот Градско-Прилеп.

„Но следната недела ќе дојдеме во Скопје пред Влада, можеби тогаш ќе го слушнете нашиот глас. Ние нема да се откажеме, тоа се наши плати, наша егзистенција. Нема да се откажеме од нашата фабрика, работеше 40 години и натаму ќе работи“, порачуваат тие.

Од Синдикатот нагласуваат дека не бараат милостина. 

„Бараме да се исплати ДДВ-то што и се должи на фирмата и што сте должни по закон да го исплатите, за да може вработените да земат плата, да добијат здравствено осигурување. Покажете доблест и грижа за нас, вашите граѓани. Ние сме ваша одговорност како граѓани, не разбираме која е целта и намерата за намерно држење на средства кои за нас се единствен извор на егзистенција. Со години го полневме државниот буџет, не заслужуваме ваков однос. Не бидете слепи, глуви и неми на нашите барања“, порачуваат од Синдикатот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ