сабота, 26 октомври 2024

Се зголемува интересот за Димитриевски, три шпански клуба го сакаат Македонецот

Актуелниот договор на Димитриевски со Рајо Ваљекано истекува по крајот на оваа сезона, на лето тој би можел да замине како слободен играч, па расте интересот за неговиот потпис.

Објавено на

часот

Сподели

Според „Марка“, Валенсија се приклучува во трката по Димитриевски, а претходно за него интерес имаше од Севиља и Бетис.

Се очекува Мармардашвили да го напушти клубот од Местаља, па Димитриевски се посочува како негова замена.

Но, Валенсија ќе има сериозна конкуренција, Севиља засега е најконкретна и му нуди најмногу на Димитриевски. Според шпанските медиуми платата која се подготвени да ја одвојат за македонскиот голман е околу два милиони евра годишно.

Не се исклучува ниту останување на Димитриевски во Рајо Ваљекано, но ќе треба неговиот актуелен клуб значително да му ја зголеми платата од сегашната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ