недела, 8 септември 2024

Се запали глисер во Охридско Езеро, повредени нема

Инцидентот се случил попладнево кога од засега непознати причини глисер во кој имало повеќе лица се запалил во водите на Охридското Езеро во близина на плажата Градиште, на околу стотина метри од брегот.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Тој истакна дека на местото на настанот веднаш се упатила екипа на Езерската полиција и пожарникари, но во меѓувреме пожарот бил изгаснат со помош на друг пловен објект, така што немало потреба од дополнителна интервенција.

„Во инцидентот нема повредени“, информира портпаролот Димоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ