недела, 21 јули 2024

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Македонија и Србија

Објавено на

часот

Сподели

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според соопштението од ресорното министерство, ова е резултат од договорот постигнат на состанокот на Мешовитата српско-македонска комисија за меѓународен патен превоз на патници и товари што се одржа во Охрид на 5 и 6 јуни.

„Договорено е транспортот на товар „во и од трети земји“, кој се врши со еколошки возила – возила од категоријата „зелено возило“ и погоре (Евро 2, Евро 3, Евро 4, Евро 5, Евро ЕЕВ и Еуро 6) да се изземе од режимот на дозволи, односно либерализира, почнувајќи од 1 август годинава. Исто така, либерализиран е и билатералниот карго превоз и карго превозот во транзит“, рече Весиќ.

Весиќ истакна дека ќе остане симболична бројка на дозволи, помалку од сто, од двете страни за транспортери со нееколошки мотори, односно дизел мотори Евро 0.

„Тоа се мали транспортери кои живеат и работат од двете страни на границата, па сакавме да ги оставиме да работат со обврска во иднина да ги заменат нееколошките возила со еколошки“, рече Весиќ.

Тој посочи и дека е постигнат голем успех во однос на меѓународниот превоз на патници во патниот сообраќај, бидејќи е договорено од 15 јуни годинава наизменичниот превоз на патници да се врши без дозвола.

Весиќ рече дека преговорите биле многу успешни и му се заблагодари на македонскиот колега Благој Бочварски за заедничката работа.

Договорот меѓу двете страни е направен врз основа на иницијативата „Отворен Балкан“ и целите утврдени со Меморандумот за разбирање и соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан.

„Договорот ќе придонесе за натамошно отстранување на административните бариери, што дополнително ќе ги зајакне економиите на двете земји, а на економијата и граѓаните ќе го олеснат движењето на луѓе и стоки во регионот на Западен Балкан“, рече Весиќ.

Од 1 август се укинуваат сите дозволи кои се разменуваа на реципрочна основа на годишно ниво, а кои се однесуваат за превоз на стока кој се врши за и од трети земји помеѓу Македонија и Србија, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Овој Договор е постигнат во рамки на македонско-српската мешовита комисија за меѓународен патен транспорт на патници и стока која деновиве заседаваше во Македонија.

Според министерството, постигнат е договор за либерализација од 15 јуни годинава за наизменичниот превоз на патници истиот да се врши исто така без дозволи кој се разменуваа на реципрочна основа на годишно ниво.

„Ова најпрво е огромен успех за транспортерите од двете земји. Постигнавме историски договор, целосно ги укинуваме дозволите во патниот и товарниот транспорт и сето ова го правиме за развојот на двете земји, за економски напредок во регионот и за подобра економска соработка меѓу Северна Македонија и Србија. Ова е нешто за што напорно работевме со мојот колега, министерот Весиќ со огромната подршка на владите на двете земји. Ова е вистинската политика за олеснување на работата на превозниците и ова треба да биде пример за цел регион“, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Одлуката за либерализација на транспортот е дел од иницијативата „Отворен Балкан” и целите утврдени со Меморандумот за разбирање и соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки и патници во Западен Балкан.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ