сабота, 26 октомври 2024

Се напиле и си го убил шурата

Денеска СВР Битола најави дека ќе поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С. (65) од Прилеп, поради сомневање дека вчера извршил кривично дело „убиство“ врз П.Р. (63) од село Шивец, Кавадарци, со престој во Прилеп, брат на неговата сопруга.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера беше пријавено дека во дворно место, сопственост на В.С. во Прилеп, бил пронајден починат П.Р., со повреда во пределот на главата. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Полициски службеници извршиле увид и од преземените мерки и активности и добиените искази било констатирано дека во дворното место В.С. и Р.П. заедно консумирале алкохол, по што настанала меѓусебна вербална расправија, која прераснала во физичка пресметка, во која Р.П. паднал и со главата удрил во бетонски столб од куќа во изградба.

По наредба на јавен обвинител, вчера В.С. е лишен од слобода и при извршен службен разговор го признал делото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ