недела, 24 ноември 2024

Се чудев зошто таткото на Вања ми кажа да му пратам порака на Илон Маск за да ја бара Вања преку сателит, сведочеше тетката на Ѓорчевска

Со сведочење на Маја Спировска, во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Спировска која е прва братучетка на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, пред судот меѓу другото кажа дека за време на потрагата цело време комуницирала со Зорица и дека знаеле дека Вања е грабната затоа што на снимките не се гледало дека Вања излегува од зградата.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Сите бевме во паника, сите ја баравме Вања. Имаше колешки од кај Зорица на работа, имаше и инспектори. Гледавме и некои снимки. Таму беше и Гоце. Така констатиравме дека е земена од пред врата, бидејќи на ниту една снимка не се гледаше дека таа излегла од зградата“, рече Спировска.

Таа додава дека Гоце ја открил трагата на возилото на убиениот Панче, но како што објасни таа, тогаш не биле сигурни дали возилото припаѓа на Панче Жежовски.

„Гоце во еден момент го откри цитроенот и ми кажа дека имаме трага, ми го покажа возилото и ми рече дека го бараат возилото на Панче од Велес по фејсбук. Ние тогаш мислевме и баравме дали тој можеби е некој педофил или слично, или некој со кој контактирала Вања. Мислев дека имаме некаква трага. Тој не знаеше дека директно е поврзана со Вања, тој мислеше дека тој лично дошол и дека ја зел Вања“, сведочеше Спировска.

Според нејзиното сведочење, пред зградата каде што живееше Вања, имало човек со мобилен телефон кој гледал кон зградата.

„Потоа доаѓа кола БМВ и го зема истиот човек. Но, нам тогаш не ни беше јасно ниту пак се сомневавме дека станува збор за организирано грабнување“, кажа пред судот Спировска.

Таа кажа дека во деновите на потрага немала многу контакт со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, но дека бил вознемирен, што е и нормално.

„Јас бев повеќе со Зорица и сестричката. На Зорица и викаше не се секирај ќе ја најдеме. Јас Сашко не сум го видела од 2018 година. Едно време ми викаше дека на Илон Маск дека треба да му пратам порака за да ја најде преку сателит. Тоа ми беше малку чудно, како да исконтактирам со Илон Маск. Знам дека испратил порака во групата на родителите на класот на Вања, рекоа напишал ‘вратете го детото ќе ви дадам пари’. Јас не ја видов, така ми рекоа. Потоа ги видовме избришани“, рече Спировска.

Не знам дали се познавале со Палевски, сега читам дека станот биле купен од неговата фирма. Бевме млади, не знаевме тогаш, околу 20 години имавме не се занимававме со такви работи“, додаде роднината.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На минатите рочишта сведочеа мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ