среда, 11 декември 2024

Денеска продолжува судењето за двојното убиство

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Објавено на

часот

Сподели

На минатите рочишта сведочеа мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Денеска се очекува да сведочат Зоран Аваз, Тодорче Георгиевски, Елвис Ибрахуми и Мирче Мицевски, а на следното рочиште во петок, на 15 ноември, се очекува да сведочат Маја Спироска, Ѓорги Џолев, Кире Тренчевски, Кристијан Плотников и Васко Стојков.

Потоа треба да следуваат сведочењата на Иванка Ѓорческа, Оли Нешковиќ, Иво Нешковиќ, односно мајката, таткото и внукот на обвинетиот Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, како и Гоце Трајковски и Кираца Трајковска.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ