среда, 27 ноември 2024

Се бара оставка од британскиот министер по шегата со дрога за силување

Британскиот министер за внатрешни работи Џејмс Клеверли се соочува со повици да поднесе оставка откако се пошегувал дека ставил дрога за силување во пијалакот на сопругата.

Објавено на

часот

Сподели

Клеверли се извини по неговата „иронична шега“ на приемот во кабинетот на премиерот Риши Сунак, само неколку часа откако Министерството за внатрешни работи ги објави плановите за борбата против подметнување дрога за силување во пијалаци, пренесува Гардијан.

Групата за правата на жените Фасет Сосајети рече дека неговите зборови се „болни“ и го повикаа министерот да поднесе оставка. Добротворната организација за семејно насилство Воменс Аид рече дека е од витално значење министрите сериозно да го сфатат проблемот со подметнувањето на таквите дроги.

Клеверли ѝм кажал на гостите на настанот на Даунинг стрит дека „малку рохипнол во нејзиниот пијалак секоја вечер не е всушност нелегално, ако е само малку“, објави Сандеј Мирор.

Клеверли, исто така, се пошегувал дека тајната на долгиот брак е да се погрижите вашата партнерка да биде „некој кој секогаш е под благо дејство на седативи за никогаш да не разбере дека таму има подобри мажи“. Министерот за внатрешни работи се сретнал со сопругата Сузи на универзитет и парот има две деца.

Разговорите на приемите на Даунинг стрит обично се сфаќаат како „не евидентирани“, но „Сандеј мирор“ одлучи да ја прекине таа конвенција со ставот и темата на министерот.

Сојузниците на Клеверли рекоа дека неговите коментари биле дадени во приватен амбиент, но тој признава дека биле несоодветни. Клеверли веќе ја опиша борбата против насилството врз жените и девојчињата како „личен приоритет“ и го нарече подметнувањето дрога „перверзно“ злосторство.

„Во она што отсекогаш се сметало за приватен разговор, Џејмс, министерот за внатрешни работи кој се занимава со проблемот со подметнување дрога, го направи она што очигледно требаше да биде иронична шега, за што се извинува“, рече портпаролот на министерот за внатрешни работи.

Џемама Олчавски, извршен директор на компанијата „Фасет“, рече дека е болно што министерот задолжен за заштита на жените мисли дека е смешно нешто толку застрашувачко како што е дрогирањето на жените.

„Не е ни чудо што жените не се чувствуваат безбедно. Знаеме дека шегата е изговор за да се дозволи мизогинијата да напредува“, рече таа.

Олчавски праша и како може да му се верува на министерот дека сериозно може да се справи со насилството врз жените и девојчињата.

„Заслужуваме подобро од нашите законодавци и Клеверли треба да поднесе оставка“, изјави таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ