„Ковачев ја користи секоја прилика да зборува дека Македонија е вештачка држава, дека Македонците се вештачки создаден народ, дека македонскиот јазик е вештачки создаден.
Ковачев беше санкциониран од Европскиот парламент откако таму искористи нацистички поздрав.
Силјановска гордо стои со Ковачев, кој тврди дека Македонија фалсификува историја.
ДПМНЕ не може да донесе никаква промена ниту нешто добро за Македонија, за македонскиот народ, може само да им наштети на националните интерси и на европскиот пат“, се вели во соопштението.