вторник, 22 октомври 2024

СДСМ: Мицкоски да не молчи, ако има докази да ги достави до обвинителството

„Христијан Мицкоски да не молчи за средбата со Палевски, туку да одговори. Ако Мицкоски навистина има поинакви информации за случајот со двојното убиство треба да ги достави до ОЈО. Прикривање докази е кривично дело“, велат од СДСМ преку соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

„Палевски, кој е осомничен за двојното убиство што ја потресе целата македонска јавност, беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ и јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ но и против се што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии.

Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на преќутна агресија од страна на ДПМНЕ во изминативе две децении.

Затоа, надлежните органи, пред се Јавното обвинителство согласно законот имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници, вклучително и Мицкоски“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ