„Тоа се партии со кои немаме преговори, меѓутоа може да има разговори врз основа на анализи што во моментов се прават врз база на емпириски истражувања и врз основа на сондирање на расположението на членството и раководството да биде во коалиција со одредена партија. Се работи за партии кои се во владината коалиција со СДСМ, но кои не биле на заедничките листи на последните избори во 2020 година“, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по почетокот на градежните работи на Универзална сала.
СДСМ ќе има кандидатски листи во сите изборни единици и во тек се разговори со коалициските партнери, рече Ковачевски.
Во моментов, како што додаде, се работи на определување кандидати и на листи со коалициските партнери со кои СДСМ традиционално оди на избори.
На прашањето за евентуално изборно коалицирање со ДУИ, лидерот на СДСМ рече:
„Не знам во ДУИ што се прави, тоа е нивна работа, но СДСМ ќе има кандидатски листи во сите изборни единици“.
–