„На економски план изминатите години направивме многу. Пензиите и платите ги покачивме на историски највисоко ниво, успешно се справивме со енергетската криза, како и со ковид кризата, преку антикризни пакети и таргетирани мерки парите се враќаат назад кај граѓаните.
Можностите за поголеми плати и пензии, функционален судски систем, забрзан раст на економијата, поголеми инвестиции, европски стандарди во сите области, доаѓаат од членството во ЕУ. Друга алтернатива нема.
Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ е целосно откажување од иднината. Даваат лажни ветувања, со кои ја носат земјата во изолација.
Претстојните избори се најголемата шанса за да продолжи напредокот кон ЕУ со глас за СДСМ и коалицијата и да се спречи заканата од изолација на земјата со ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.