сабота, 26 октомври 2024

Сателитските снимки покажуваат – 35 отсто од зградите во Газа се уништени или оштетени

Сателитските снимки анализирани од Сателитскиот центар на ОН (УНОСАТ) покажуваат дека 35 отсто од зградите во Газа се уништени или оштетени од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За процената, УНОСАТ користел сателитски снимки со висока резолуција собрани на 29 февруари, направени пред и по почетокот на последниот конфликт.

Заклучено е дека 35 отсто од сите згради во Појасот Газа или 88.868 се уништени или оштетени.

Уништени се 31.198 објекти, 16.908 се тешко оштетени, а 40.762 претрпеле умерена штета.

Тоа претставува зголемување од речиси 20.000 оштетени згради во споредба со претходната проценка заснована на снимката од јануари што покажа дека 30 отсто од сите згради биле оштетени и уништени, соопшти УНОСАТ, објави британски Гардијан.

Областа Кан Јунис беше особено погодена, бидејќи 12.279 згради беа дополнително оштетени, а 6.663 беа уништени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ